Шекеринска и Димитров на брифинг со амбасадорите на земјите членки на НАТО

Од:

Денес во Владата на Република Македонија на покана на заменикот претседател на Владата на Република Македонија и министер за одбрана, Радмила Шекеринска и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се одржа брифинг со амбасадорите на земјите членки на НАТО Алијансата, акредитирани во Република Македонија.

Брифингот беше посветен на актуелностите врзани за пристапниот процес за интеграција на Република Македонија во Северно-атлантската Алијанса и истиот имаше за цел амбасадорите на земјите членки на НАТО да бидат информирани за досега преземените чекори, како и претстојните активности во рамки на пристапниот процес за членство.

На средбата со амбасадорите, двајцата Министри детално ја презентираа Програмата за продолжување на реформите која претставува составен дел од процесот за пристапување на земјата во НАТО Алијансата.

Би можело да ве интересира

Москва е загрижена од плановите на НАТО

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

МНР реагира за Михаилова: Владеењето на правото не смее да биде селективно

Горан Наумовски