Брест, Малино и Танушевци без струја

Од:

Корисниците од селата Брест, Малино и Танушевци во општина Чучер-Сандево, од 9:15 до 14 часот ќе бидат без електрична енергија.

В понеделник од 9 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од објектите и трафиките во близина на трговскиот центар „Алуминка“ и објектите во близина на маркетот „Тинекс“ на улицата „Никола Русински“ во општина Карпош.

Во периодот од 7:45 до 15 часот без струја ќе останат корисниците од Музеј Матка, ресторан „Кањон Матка“, селата Глумово, Шишево, Горна и Долна Матка и фирмите „Адриус“, „Бис Оил“ и „Виа Комерц“, општина Сарај.

Без струја в понеделник од 8 до 17 часот ќе бидат корисниците од селата и населените места Љубанци, Бродец, Танушевци, Малино, Брест, караула „Рамно“, Бањани, Горњани, Чучер-Сандево, Глуво, Мирковци, Кучевиште, Побожје, викендици Побожје, Бразда, Чардак, Голиево и Горно Оризари во општина Чучер-Сандево.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија“ АД.

Би можело да ве интересира

РКЕ: За трговија и снабдување со струја ќе треба гаранција од 100.000 евра

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 26 февруари 2026 изнесува 87,06 евра за мегават час, на МЕМО 41,27 евра за мегават час

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско