Пратениците ќе гласаат за законот за бременост

Од:

Жената не ќе може да ја прекине бременоста ако од претходниот абортус не поминала една година, освен во случаи кога бременоста не претставува опасност за животот на мајката или кога врз основа на научни сознанија се очекува дека детето ќе се роди со тешки телесни или душевни недостатоци.

Ова е предвидено во Предлог законот за прекин на бременоста кој по скратена постапка треба да биде разгледан на денешната собраниска седница.

До прекин на бременоста ќе може да дојде и во случај кога детето е зачнато како резултат на силување, обљуба врз немоќно лице, како и кога ќе се утврди дека во текот на бременоста или по породувањето би можела жената да дојде во тешки, лични семејни, материјални или други услови што ќе имаат одраз врз нејзиното здравје.

Бременоста ќе може да се прекине по 10-тата недела, а за тоа жената ќе треба да достави писмено барање по што докторот е должен да ја предупреди  бремената жена за можните предности за продолжување на бременоста, како и за ризиците доколку се спроведе абортусот. Ако бремената жена, и по добиените информации остане при своето барање, должна е да даде писмена изјава дека го прифаќа спроведувањето на интервенцијата за прекинување на бременоста.

Ако докторот утврди дека абортусот не го дозволува здравствената состојба на бремената жена или дека ќе се загрози животот и здравјето на жената или пак дека се изминати повеќе од десет недели од денот на зачнувањето, должен е да ја упати бремената жена на првостепена комисија за одобрување на прекинување на бременоста.

Бремената жена и сопруг ако се во брачна заедница или жената која е малолетна и нејзиниот родител или старател, на нивно барање или на барање на првостепената комисија, може да присуствуваат на седницата на првостепената комисија на која се разгледува барањето за прекинување на бременоста.

Би можело да ве интересира

ЛДП со иницијатива: Да се воведат лековите со кои се врши медикаментозниот абортус на позитивна листа на лекови

Доналд Трамп: Забранувањето на абортусот по 15-та недела од бременоста изгледа разумно

Последната седница на овој парламентарен состав ќе се одржи до крајот на месецов

Не е донесен Законот за игри на среќа, постапката заврши

Катерина Ѓуровски

СДСМ предлага отворање медицински факултет во Битола, ВМРО-ДПМНЕ смета дека нема услови

Џафери: Закажани се избори, не може да се потпишат колективни договори, протестите на универзитетите се за дневни политики