• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Брегу за „Мал Шенген“: Активност што е нужна и треба да се разгледува

by А1он13/11/2019 - 11:41221
Share0

Иницијативата од Охрид и Нови Сад во врска со т.н. Мал Шенген ја разбираме како активност што се развива, која е нужна и која треба да се разгледа, изјави синоќа генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС), Мајлинда Брегу.

Добивај вести на вибер

– Регионалната соработка има смисла кога нејзината конечна цел е интеграција во Европската унија. Со оглед дека суштината на процесот е поврзување на пазар и луѓе, веруваме дека секоја иницијатива која има за цел решително отстранување на пречките во нашиот регион е нужна и треба да се разгледува, прецизира Брегу.

Наведувајќи дека РСС добивал многу прашања во врска со состанокот во Охрид и нивната улога во целиот процес, Брегу потсетува дека сите шест земји од регионот уште во 2017 се обврзале на градење на заеднички економски простор, а дека во јули годинава на самитот во рамките на Берлинскиот процес, РСС изнел предлог за спогодба за патување со лична карта во целиот регион.

– Свесни сме дека билатерално ова е тешко да се оствари, но сите заедно успеавме во договорот за намалување на цените на роамингот кој беше потпишан од сите шест економии. Таа политичка волја може да се повтори“, изјави Брегу.

mal sengen

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вучиќ, Рама и Заев: На земјите од Западен Балкан им е потребна ЕУ колку што и се тие потребни на Унијата

Ана Ололовска29/06/2021 - 12:2429/06/2021 - 14:55

Вучиќ, Заев и Рама на видео конференција ќе разговараат за „Малиот Шенген“

Ана Ололовска29/06/2021 - 08:43

Заев, Рама и Вучиќ се согласија да ја продолжат соработката во „малиот Шенген“

Жарко Настоски30/10/2020 - 17:3130/10/2020 - 17:31

Харадинај: Мини-Шенгенот значи ширење на руското и кинеското влијание на Балканот

Татјана Ташкова19/11/2019 - 18:24

Црна Гора не сака да биде дел од „малиот Шенген“

Татјана Ташкова12/11/2019 - 18:20

Вучиќ од Охрид: Работните дозволи за Србија ќе важат и во Албанија и во Северна Македонија

Татјана Ташкова10/11/2019 - 10:2610/11/2019 - 13:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен