Брегу: РСС очекува ЕУ годинава да почне преговори со Северна Македонија и Албанија

Од:

Регионалниот совет за соработка (РСС) искрено се радува на охрабрувањата што доаѓаат од Европската унија и очекува преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија да започнат оваа година, изјави генералната секретарка на РСС, Мајлинда Брегу на средба со министрите за надворешни работи од земјите од Западен Балкан во Њујорк.

Од друга страна, според Брегу, регионот треба да ја покаже својата посветеност на европскиот пат, како и политичка волја за решавање на нерешените билатерални прашања кои влијаат на целиот регион и создаваат негативна слика за Западен Балкан.

Како што соопшти РСС, ваквиот став на Брегу го потврдија и заменик генералниот директор во Генералната дирекција на Европската комисија за соседска политика и преговори за проширување, Мачеј Поповски и директорката за Западен Балкан при истата Дирекција, Џеновева Руиз Калавера, кои на состанокот повторија дека започнувањето преговори со Северна Македонија и Албанија е во најдобар интерес на цела Европа, бидејќи „без интеграција на целиот Балкан нема стабилна и сигурна Европа“.

Средбата е организирана на маргините на 74-то заседание на Генералното собрание на Обединетите Нации, а на неа за започнување на преговорите се заложиле сите учесници од Западен Балкан, укажувајќи дека тоа би било важно не само за тие земји туку и за регионот во целина. Се разговарало и за досегашните постигнати успеси во процесот на регионалната соработка, како и за продолжувањето на дијалогот меѓу Белград и Приштина, што би довелo до нормализација на нивните односи.

Би можело да ве интересира

Романо Проди: Ако АфД победи на изборите во Германија, со ЕУ е завршено

А1он

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

Денеска истекува флексибилната примена на ЕЕС: Се очекуваат нови гужви на границите со ЕУ

Македонците се послаби од европјаните – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Да нема забуна – Европа е нападната