„Братство“ и „Вера Циривири-Трена“, партнери во проектот за меѓуетничка интеграција

Од:

Денеска ООУ „Братство“ беше домаќин на претставници од ООУ „Вера Циривири-Трена“ по повод потпишувањето Mеморандум за соработка во рамките на проектот за меѓуетничка интеграција. Проектот е поддржан од УСАИД, Македонскиот центар за граѓанско образование, Министерството за образование и од Бирото за развој, а предвидува сите основни училишта да влезат во соработка со партнер-училиште со поинакви етнички и јазични карактеристики.

Координатори на проектот беа директорките на училиштата, Соња Силјановска и Снежана Карас, кои го потпишаа меморандумот за соработка во присуство на претставници од училиштата.

– Меморандумот го потпишуваме токму денес, зашто од основното училиште „Вера Циривири-Трена“ сакаа на нашите ученици да им го честитаат празникот Курбан-Бајрам – рече Соња Силјановска, директорката на ООУ „Братство“. Директорката, пак, на партнер-училиштето „Вера Циривири-Трена, Снежана Карас, рече дека со задоволство ѝ пристапуваат на оваа соработка зашто таа значи многу дружба и многу нови знаења на полето на мултикултурата.

Дечињата од „Вера Циривири-Трена“ на своите другари од партнер-училиштето им го честитаа празникот со специјално изработена честитка, а за возврат беа почестени со традиционална бајрамска баклава.

ОПШТИНА КАРПОШ
Одделение за односи со јавноста

Би можело да ве интересира

Опожарени се шест куќи во скопски Карпош, седум лица завршија во болница

32-годишен скопјанец пронајден мртов во семејниот дом

82-годишна жена е пронајдена почината во стан во скопски Карпош

Јакимовски: Само една зграда во Општина Карпош е онака како што бара законот

(ВИДЕО) Килограм марихуана е пронајдена во стан во скопски Карпош

​Ѓорѓиевски: Градoначалниците на Карпош и Струмица ги каниме во понеделник на состанок во ЗЕЛС