Братот на премиерот, Вице Заев, не сака камери во судницата

Од:

Адвокатот на братот на премиерот Зоран Заев, Вице Заев, не дал согласност медиумските екипи да го снимаат рочиштето за тужбата за клевета против тужениот Александар Николоски од ВМРО-ДПМНЕ, во Основниот суд Скопје 2.

Новинската агенција „Макфакс“ испрати барање до претседателот на судот, Илир Сулејмани, за визуелно и звучно снимање на рочиштето кое треба да се одржи на 26 февруари. Судот прибавил мислења од двете страни, при што полномошникот на тужителот навел дека не се согласува со аудио и визуелно тонско снимање oд медиумите. Тужениот Николоски се сложил. Врз основа на тоа, претседателот на судот одлучил да не дозволи снимање.

Според одредбите од Судскиот деловник, звучното и визуелно снимање во парничната постапка и во управните постапки може да се врши со одобрение на претседателот на судот, но со претходна согласност од странките во посапката. Тоа значи дека јавноста ќе може да известува за рочиштето, но без присуство на камери и фото-апарати.

Во Основниот суд Скопје 2 на 16 јануари годинава се одржа подготвително рочиште за тужбата за клевета на братот на премиерот Заев, Вице Заев, против потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Причината за тужбата е поради тоа што Николоски во телефонско интервју за една телевизија рекол дека Вице Заев и неговото семејство ги добиваат сите главни бизниси во државата. На следното рочиште треба да биде распрашан братот на премиерот.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Николоски до директорот на ТЕЦ Неготино: Од каде ти се парите за хациендата во која живееш, дали од крими тендерите на сопругата во РЕК Битола или од твојот криминал со мазут во ТЕЦ Неготино?

Николоски од Росоман: Идната влада на ВМРО-ДПМНЕ целосно ќе го изгради експресниот пат Прилеп-Градско до 2027 година кој е значаен за граѓаните од овој регион

Николоски: Директорката на прилепската болница поставена од Филипче со огромен корупциски скандал – за иста услуга плаќала дупло

Николоски: Идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе закон за забрана на увоз на тутун

Николоски: Во прилепско Канатларци кое Пендаровски не знае каде се наоѓа, го решивме проблемот со водоснабдувањето

Николоски: Дали СДС, Ковачевски и Пендаровски го плаќаат консултантот Еисин со пари од кешот што го извлекувале од тендерите со РЕК