Братот на Михајловски со напис „Максо паре да вратиш”

Од:

По информациите од членовите на ВМРО ДПМНЕ од Куманово дека Максим Димитриевски направил договор да ги купи гласовите од ДПМНЕ , се огласи и Бобан Михајловски, братот на Тони Михајловски, кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ, кој не освои доволно гласови за вториот круг на локалните избори. Братот на Михајловски објави статус на социјалната мрежа фејсбук со наслов „Максо паре да вратиш”.

На статусот кој го објави братот на Михајловски е нацртана карикатура со ликовите на Максим Димитриевски каде го држат Бране Петрушевски, претседател на општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Куманово, Елена Божиновска носителката на листата за советници и нејзиниот сопруг Игор Божиновски, да не го нападне лицето кое наводно ги земало парите за гласовите на Димитриевски.

Дека има раздор во ДПМНЕ во Куманово потврдуваат и самите членови кои сакаат да останат анонимни до завршувањето на изборниот процес, по што најавија дека ќе ја кажат вистината за купените гласови.

Би можело да ве интересира

Тројца насилници од Арачиново осомничени за напад врз маж од Куманово

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

30 дена притвор за двајца насилници кои претепаа сопственик на кафеана

Горан Наумовски

Куманово на нозе: Протест против УЈП поради неиспорачани даночни решенија

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски