Бранителите на Палевски и Видевски бараат вештачење на пронајдената чаура

Од:

Прашањето за оружјето на обвинетиот Боре Видевски и недостатокот од траги за испукување во базата на Министерството за внатрешни работи (МВР), според неговиот бранител, адвокат Бојан Манев е контрадикторно. Тој изрази сомнеж околу контрадикторноста во документите што ги доставило МВР до Обвинителството, кои беа презентирани на денешното дополнение на доказната постапка.

– Од една страна имаме потврда дека оружјето е легално, но од друга страна нема никакви податоци за испукување во базата на МВР. Ова е или пропуст или намерно занемарување на архивите, изјави Манев, додавајќи дека ќе повика сведоци кои можат да потврдат присуството на Видевски на неговото работно место на 22 ноември.

Дополнително, адвокатот Јовица Страшевски, кој го застапува Љупчо Палевски, побара вештачење на чаурата пронајдена на местото на убиството на Панче Жежовски.

– Обвинителството денеска достави наредба и известување, каде што е побарано дали од кривично-правни настани во Македонија кои се случени, е испукано од некои од тие тестирани чаури или пиштоли, и дали е испукано од оружјето на Боре Видевски. Меѓутоа, не и од сите останати регуларни пиштоли за кои постои евиденција во РМ. Такво нешто Обвинителството нема. Глупаво е да се изразам дека на шверцерски начин сака да се сокрие една работа која е многу битна, а таа е битна да се најде чаурата од кое оружје е испукано, дали од легално или нелегално рече Страшевски.

Според извештаите што беа презентирани на рочиштето, предметната чаура не се поклопува со веќе регистрираните податоци во системот. Во однос на оружјето на Видевски, иако поседува легална дозвола од 1998 година, недостасуваат записи за испукување.

Судењето продолжува со дополнително изведување на докази од страна на обвинителството. Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде неговото возило „ситроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

Би можело да ве интересира

Видевски не бил на работа на денот на убиството на Вања, немало пробно пукање со неговиот пиштол

Палевски со снимки докажува дека тројца, а не четворица го грабнале Панче Жежовски

Катерина Ѓуровски

Ќе се изведуваат дополнителни докази, продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 16 мај

А1он

Заврши сведочењето на Љупчо Палевски, според него мотивот за убиството е нелогичен и недокажан

А1он

Палевски: Целиот процес е „конструиран политички прогон“, УБК ме местеше за наводен атентат врз Заев