„Брако“ ги помогна инвестициите во Велес со еден милион денари наменети за проектирање

Од:

Велешката компанија БРАКО помогна со финансиска помош од еден милион денари за побрзо спроведување на проектите на територија на општина Велес. Општината ја искористи донацијата за побрзо и поефикасно да спроведе постапката за повеќе инвестиции во градот кои се во интерес на граѓаните.

Со финансиската помош беа изготвени основни, идејни и урбанистички проекти за реконструкција на младинскиот парк во Велес, за спортското игралиште во населба Тунел, за противпожарниот дом, за основното училиште во с. Црквино, за изградба на катна гаража, за пешачка патека, урбана опрема и улично осветлување на езеро Младост и за инфраструктура за улицата Декада на Роми.

Со донацијата од БРАКО, општината ангажираше фирма за проектирање, урбанизам и инженеринг која во краток временски период ја изготви документацијата за планираните проекти, што во минатото беше фаза која значајно го одолжуваше и забавуваше реализирањето на општинските инвестиции во Велес.

БРАКО останува посветен на помагање на заедницата и вложување во подобри услови за граѓаните на Велес.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Огништа од БРАКО за вечерните забави на Винтерфест во Велес

Анѓушев и Шалев предновогодишно со работниците на БРАКО

А1он

БРАКО на Aнанас: Медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас

А1он

Грин Машинс на БРАКО на клучен еропски саем за зелена и циркуларна економија во Италија

Инженерите на ФЕРОИНВЕСТ и БРАКО со стручни трудови на јубилејот на Институтот по Мехатроника на Машинскиот факултет

Возилата грин машинс на БРАКО на саем во САД