Браќа од Батинци со нож избоделе познаник, а со пиштол го тепала по главата

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против двајца браќа за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело насилство.

Браќата кои се на возраст од 40 и 44 години, на 2 март во кафе бар во селото Батинци, извршиле насилство и повредиле едно лице.

„Додека оштетениот седел во објектот со уште други две лица, осомничените влегле и веднаш се упатиле кон него. Едниот со нож, а другиот со пиштол во раката, започнале да го пцујат и да му се закануваат на оштетениот. Тој почнал да бега, но двајцата осомничени го стигнале во близина на угостителскиот објект, му нанеле убодна рана со нож и повеќепати го удриле со пиштолот во пределот на главата. Кај сведоците на настанот со тоа предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв“, велат од ОЈО.

Јавниот обвинител, оценувајќи дека постои опасност осомничените да се дадат во бегство или да го повторат делото, до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор​.

Би можело да ве интересира

Син нападна мајка во Велес

А1он

Ја претепа сопругата пред децата, па го пушти плинот и тргна да ја запали

А1он

36-годишен маж од Гази Баба е претепан од партнерката

Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички

Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Три лица лишени од слобода, вкупно четири пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие

Предраг Петровиќ