Божиновски: Непотизмот царува, синот на Фрчкоски поставен за втор човек во ПУИК

Од:

Криминалниот картел во врвот на власта ја киднапира државата. Државните институции се користат за вработување на партиски активисти и луѓе блиски до врхушката на власт. СДСМ ветуваше транспарентност при вработувањето и еднаков пристап на граѓаните до секое работно место. Сега го гледаме токму спротивното. Вработување по партиски клуч и згрижување на блиски роднини на функционерите како начин на работа, изјави денеска Игор Божиновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, експресно по престанокот на мандатот во ДИК, Игор Милев е вработен како советник на директорот на Царинската управа, со ингеренции на помошник директор на Секторот за контрола и истраги, додека неговата сопруга, иако трето рангирана беше избрана за судија во Апелациониот суд во Скопје.
„На позиција втор човек во АД за Стопанисување со станбено деловен простор е поставен Јон Фрчкоски, син на Љубомир Фрчкоски. Згрижување на државна сметка во АД ЕЛЕМ, добија и синот на Мирослав Грчев, ќерката на Талат Џафери и сопругот на Магдалена Несторовска. Единствен критериум по кој се вработени и Милев Фрчкоски, Грчев, Џафери и Несторовски на државни сметка е нивната партиската заслуга. СДСМ институциите ги претвори во место за згрижување на истакнати партиски активисти на картелот, вели тој.

Според Божиновски, непотизмот е главна карактеристика на картелот и на локално ниво. „Градоначалникот на Прилеп, си ги вработи двете свои внуки и зетот на државна сметка. Директорите на институциите исто така си ги вработуваат своите сопружници и деца. Слична е и ситуацијата и во Битола. Градоначалничката својот брат си го вработи како наставник веднаш по стапувањето на функција , а по нејзин пат продолжија и директорите на останатите институциите. Веднаш по преземањето на функцијата градоначалник, своите сопруги како наставници ги вработија и градоначалниците на Берово и Неготино. Ваквите примери, каде претставниците на картелот си ги вработуваат најблиските роднини се безброј. Криминалниот картел наречен СДСМ ја претвори државата во своја приватна сопственост. Со непотизам и партизација, СДСМ ја урнисува државата и ги приватизира институциите. Владата не работи за граѓаните, туку за мала група на луѓе во врвот на власта. Овој криминален картел мора да си замине“, изјави Божиновски.

Би можело да ве интересира

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски