Божинов: Откако Иван Франгов е на власт, спортот во Гевгелија има најцрн биланс

Од:

Ристо Божинов, како долгогодишен спортист, спортски работник и поранешниот репрезентативец на фудбалската репрезентација на Македонија, а сега член на Иницијативниот одбор за спас на ФК „Кожуф“ од Гевгелија оценува дека „Иван Франгов откако е дојден на власт спортот во Гевгелија има најцрн биланс.

Женскиот ракометен клуб згасна, не постои и машкиот ракометен клуб, а сега мета му е да го згасне и ФК ‘Кожуф’. Единствена свела точка во гевгелискиот спорт е кошаркарскиот клуб „Кожуф“, кој се натпреварува во Првата лига, ама и тоа не е негова заслуга, туку на директорот на клубот, Димитар Димитров, и на претседателот на КК, Томица Главчев“, вели поранешниот фудбалер на ФК „Кожуф“, кој своевремено ги бранеше и боите на Македонија на меѓународни спортски настапи.

Тој и поголемиот дел гевгеличани што го поддржуваат опстојувањето на ФК „Кожуф“ се навредени, поради бесчуствителниот однос на градоначалникот кон едномесечните превирања со клубот и забраната да се користи Градскиот стадион во Гевгелија за нивните настапи во Третата фудбалска лига – Југ, иако имаат уреден договор потпишан со Општина Гевгелија за негово користење на неопределено време.

Градоначалникот со нов договор, без да го раскине постојниот, Градскиот стадион како општествен имот му го доделил на користење на ФК „Миравци“ од Миравци за период од 10 години.

„Миравци има два терена: еден изграден од Агенцијата за млади и спорт, и старото игралиште, кое е реновирано. Сега се доделува и Градскиот стадион во Гевгелија на ФК ‘Миравци’. Зошто се форсира толку Миравци? Не играат во Лигата на шампионите!“, се чуди Божинов на ваквото форсирање на фудбалскиот клуб од Миравци, наспроти полициските барикади на кои наидоа фудбалерите на „Кожуф“, кога пред две недели требаше да го одиграат натпреварот со „Партизан“ од Обршани на домашен терен.

Policija Stadion

„Сакам да му порачам на градоначалникот Франгов дека ова што го прави со ‘Кожуф’ е катастрофално. Зошто не го сруши театарот, кој 20 години беше празен и опожарен? Оти не ја срушија библиотеката досега, туку ги реновира, зашто се белег на градот. И ‘Кожуф’ е белег на градот, а тој има намера да го уништи“, обвинува резигнирано Ристо Божинов, познат меѓу гевгелиските фудбалски навивачи како Бурда.

Божинов вели дека во текот на 91-годишното постоење на клубот, произведени се генерации спортисти-фудбалери, а во периодот пред да дојде Франгов на власт функционирале неколку генерациски категории играчи, кои опфаќале 200 деца и младинци. Со недомаќинскиот однос на власта кон спортот сега нема ниту десетина членови на младинските категории.

Risto Bozinov 2

„Што прави Владата со овие пропаганди, отвора спортски терени, игралишта, а градоначалникот, кој е од нивната власт, го уништува ‘Кожуф’. Откако е тој на власт, вложуваше средства од локалната каса, но никогаш досега не е поднесена завршна сметка. Каде одат парите? Гледаме цел град носи тренерки од ‘Кожуф’, а нашата опрема е затворена во просториите што ни се недостапни поради интервенција на полицијата и директно од комадирот на ПС Гевгелија, кој нареди дека „нема Кожуф што да бара на стадионот“.

Божинов смета дека ФК „Кожуф“ не е загрозен поради немањето пари, туку поради немањето вистински луѓе, кои домаќински ќе застанат зад клубот и за потребите на спортот и омасовувањето на спортот како трајна определба, во согласност со статутот на ФФМ и со статутот на Општинскиот фудбалски сојуз.

А.Д.

Би можело да ве интересира

Србин со нож ранил маж во кафеана во угостителскиот објект на бензинската пумпа во Јосифово

Горан Наумовски

ВИДЕО: Град со големина на орев го погоди Гевгелиско

Градоначалникот на Гевгелија префрлил 36.000 евра на ракометен клуб основан од татко му, обвинија од СДСМ

Орце Костов

Едно лице загина во сообраќајката на патот Гевгелија-Богданци: Се судриле четири автомобили

А1он

Сообраќајка на патот Богданци-Гевгелија: Сообраќајот во прекин, интервенираат пожарникари и полиција

А1он

ЦУК: Спасен е човекот кој беше завеан и кој одбиваше помош за да не ги остави своите кучиња

Орце Костов