Божикна честитка од Никола Груевски

Од:

Премиерот Никола Груевски, по повод големиот христијански празник – Божик, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, архиепископ охридски и македонски г.г. Стефан и до сите православни верници од Република Македонија и дијаспората.

– Ваше Блаженство. Со голема радост и задоволство од мое лично име и од име на Владата на Република Македонија, Вам, на членовите на Синодот, на ценетото свештенство и монаштво, како и на сите православни верници од Македонија и дијаспората, би сакал да Ви го честитам најголемиот и најрадосниот христијански празник – Божик.

Божик е празник на семејството, празник на среќата, празник на желбите, празник кога нашите порти се широко отворени за доаѓањето на убавата вест. Тивко и спокојно, во мир и хармонија, со љубов и радост да го пречекаме празникот и пораките кои тој ни ги носи, да правиме добри дела, да имаме разбирање еден со друг, да бидеме љубезни еден кон друг, да го следиме нашиот Бог по патот кој за нас го има поставено. Тоа е божјиот пат, патот на љубовта и спасението на човековиот род.

Ваквата верба во Бога и понатаму нека нè води на нашиот заеднички пат, уште повеќе нека нè зближи во нашата соработка и взаемно почитување, нека ни даде сила и поткрепа да ги умножиме причините кои нè соединуваат и да ги надминеме препреките пред кои е исправена нашата татковина. Нека Бог биде со нас во секоја радост, болка или тага, нека биде со нас во секое дело кое го правиме, во секој дом и семејство. Обединети сме силни, а единството дава можност за напредок. Убеден сум дека нашиот народ, подобро од кој било друг ги препознава вредностите кои нè обединуваат и дека заедно со многу труд и работа ќе направиме уште повеќе за нашата држава, за нови успеси, за подобар животен стандард, за нови радости и заеднички напредоци. Нека Бог дарува љубов, нека има успех и бериќет во секое поле од значење за Република Македонија, заеднички да се радуваме и да го славиме Божик – За многу години! Нека е честит и вековит големиот христијански празник! Христос се роди! Навистина се роди!, се наведува во божикната честитка од премиерот Никола Груевски.

Би можело да ве интересира

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески