На сите граѓани на Република Македонија и на сите Македонци во светот, им посакуваме среќни и благословени Божиќни празници, со искрени желби во новата 2016та година, добрината, милоста, човечноста и љубовта да постанат белег на Македонското општество.
Пред повеќе од 2000 години, Бог дојде на овој свет да ни покаже на дело што значи пожртвувана љубов, грижа и сочуствителност едни за други.
ФРОДЕМ посакува конечно на сцена да се појави зрак на надеж за национално помирување, за обнова на националното единство и за јакнење на духот на взаемна почит едни кон други. Нека разликите помеѓу нас ги претвориме во предност, а предноста нека постане мост кој ќе не спојува и кој ќе не однесе конечно во зоната на просперитетните нации.
ФРОДЕМ посакува, во Македонија да се врати демократијата на голема врата и конечно да профункционира во нејзиниот полн капацитет.
Демократските столбови на политичкиот систем, вредносниот модел на политичкиот поредок и општество на среќни и задоволни граѓани се нашата цел, за која ќе се бориме со сето наше срце, со сета сила и разум.