Божиќен ручек во Прилеп за 500 деца

Од:

Во организација на Детската амбасада за сите деца во светот со седиште во Прилеп по седми пат ќе се одржи Божиќниот ручек, на кој 500 деца ќе го прослават Христовото раѓање. Ручекот ќе се одржи во хотелот „Кристал Палас“ во Прилеп во 13:15 часот.

По повод 15-годишниот јубилеј од основањето на Детската амбасада за сите деца во светот, добитници на престижното меѓународно признание Орден за носител на мирот се Марјан Ристески, градоначалник на општина Прилеп, Штерјо Наков – татко на Божиќниот ручек од Фершпед, Страшо Милковски од АГД Гранит, Срѓан Керим, претседател на 62-то Собрание на ООН и д-р Златко Пановски од Веледрогерија „д-р Пановски“.

На овој настан Орденот ќе му се додели на градоначалникот Ристески, додека на следната гала вечер во чест на 15-те години од Детската амбасада и на останатите добитници на ова престижно признание.

– Петстотини деца од целата територија на Република Македонија на заедничка трпеза ќе го прослават Божиќ, денот на Христовото раѓање. На заедничка трпеза ќе седнат деца без родители, деца на загинатите бранители, деца со посебни потреби, како и истакнати деца – членови на Детската амбасада. Децата се од Прилеп, Скопје, Куманово, Старо Нагоричане, Битола, Табановце до Гевгелија и од другите градови ширум државава, рече на денешната прес-конференција Дамјан Стојановски, генерален секретар на Детската амбасада за сите деца во светот.

На оваа божиќна трпеза поканети се и деца од другите верски заедници, од исламската, католичката, еврејската и евангелско-методистичката, кои заедно ќе се дружат и ќе празнуваат. На сите деца ќе им бидат доделени пакетчина.

Божиќниот ручек ќе го благослови митрополитот Преспанско-пелагониски, господин Петар. Годинава покрај добитникот на Орденот за носител на мирот, присутен ќе биде и претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, Вернер Хенгст.

Генералниот спонзор на седмиот Божиќен ручек е ЕВН Македонија, под покровителството на градоначалникот на општина Прилеп, Фруктал Мак и Медиа Принт Македонија со дневните весници Дневник, Утрински Весник и Вест, Наша ТВ, МРТВ, Канал 5 и Алфа ТВ од Скопје.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец пренесувал над 86 килограми марихуана по патот Прилеп-Градско

А1он

Прегазен малолетник во Прилеп, возачот избегал

Четворица осомничени за тепачка во прилепската болница

А1он

Во прилепско запленети над 25 кубици дрва без соодветна документација, следуваат кривични пријави

А1он

Татко и син осомничени за тешка телесна повреда со смртни последици

А1он

Исчезнато 10-годишно дете во Мариово

А1он

Leave a Comment

seven + 4 =