А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Бошњаковски: Владата ќе следи и ќе реагира на лажните вести на социјалните мрежи за молкот

by А1он27/09/2018 - 13:47292
Share0

Владата за време на молкот пред референдумското изјаснување на 30 септември ќе ги следи информациите што се пласираат на социјалните мрежи и доколку утврди дека тие претставуваат лажни информации и пропаганда, на своите официјалните комуникациски канали на социланите мрежи ќе соопшти дека се неточни со цел да спречи да влијаат манипулативно врз граѓаните.

Добивај вести на вибер

Владиниот портпарол на денешната прес-конференција, укажа на искуството кое, како што рече, покажа, особено за време на јавната кампања, нагласено присуство и ширење на лажни вести, дезинформации и говор на омраза, како и креирање на вести врз основа на полуинформации, што, вели, претставува длабоко поткопување на демократските процеси во државата, ширење на дискриминација и омраза на штета токму на граѓаните, како и дискредитација на институциите.

Тој посочи дека Владата во согласност со принципот за добро владеење и во насока на тоа дека е засегната страна во процесот на референдумот, ќе го почитува предреферендумскиот молк и ќе се воздржи од активности кои имаат поврзаност со референдумот и со изјаснувањето на граѓаните во наредните 48 часа почнувајќи од полноќ.

– Согласно препораките на Советот на Европа, ОБСЕ и други меѓународни организации со цел обезбедување заштита на слободата на изразувањето и за сузбивање на лажните вести и пропаганда сакаме да укажеме дека Владата е целосно свесна дека просторот на социјалните медиуми е изложен на креирање на лажни вести и дезинформации со цел обид за манипулација на граѓаните на РМ. Имајќи ја предвид штетата врз јавниот интерес која може да настане од лажна пропаганда во текот на референдумскиот молк, Владата најавува дека нема да дозволи граѓаните да бидат изложени на лажни вести. Ќе ги проверува фактите и ќе ги презентираме како Влада пред граѓаните на РМ, рече Бошњаковски.

Имено,додаде, во текот на референдумскиот молк секоја објава која ќе биде детектирана дека е лажна или е дезинформација или, пак, е полувистина ќе биде на почетокот соодветно идентификувана и ќе биде објавено дека истата е неточна на официјалните комуникациски канали на Владата: на твитер профилот @portparolnavrm, како и на официјалната фејсбук-страница на Владата, рече портпаролот Бошњаковски.

Тој упати апел и до граѓаните сите вести и информации за време на молкот да ги примаат со посебно внимание, да обрнат внимание на изворите од каде доаѓаат информациите и да прават проверка на секоја вест која им изгледа невообичаена и сензационалистички.

referendumvlada

Би можело да ве интересира

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски16/02/2026 - 14:3416/02/2026 - 16:14

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Горан Наумовски11/02/2026 - 22:45

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски08/02/2026 - 14:0108/02/2026 - 14:02

Ревизорите алармираат: Владата плаќа скапи возила на лизинг без вистинска конкуренција

Горан Наумовски05/02/2026 - 13:18

Владата ги испраќа кандидатите за јавен обвинител до Советот на јавни обвинители

Горан Наумовски03/02/2026 - 15:27

Влада: Средбата со УПОЗ е закажана за четврток, не знаеме кого чекал Трендафилов

Горан Наумовски02/02/2026 - 14:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен