Бошњаковски: Средба Димитров-Коѕијас до крајот на месецов, остануваме оптимисти

Од:

Владиниот портпарол Миле Бошњаковски потврди дека до крајот на месецов треба да има нова средба на шефовите на дипломатиите на Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, но точниот датум се уште не е утврден.

– До крајот на месецот ќе има нова средба, а датумот се уште треба да биде потврден меѓу министрите за надворешни работи. Се уште сме големи оптимисти, како што најавија и премиерот и министерот за надворешни работи на Република Македонија, бараме и очекуваме да најдеме решение што ќе биде достоинствено за сите граѓани, изјави Бошњаковски на денешната прес-конференција во Владата, одговорајќи на новинарско прашање за информациите во грчките медиуми што ги пренесе МИА дека на 25 април во Виена ќе има нова средба на Димитров и Коѕијас со медијаторот Метју Нимиц.

Во однос на ставот на грчкото МНР дека и покрај добиената препорака од ЕК за почеток на преговорите, сепак, конечната одлука за тоа ја носи Советот на ЕУ каде Грција повторно може да блокира ако не се најде решение за името, Бошњаковски рече дека Советот во наредните шест месеци треба да се произнесе, меѓутоа се останато во однос на преговорите за името продолжува со зацртаната динамика.

Би можело да ве интересира

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Бугарската влада предводена од премиерот Росен Железков поднесе оставка

Нови лица во Владата и партијата – Мицкоски најави серија кадровски потези