Бошњаковски до реисот Реџепи: Владата не се меша во работите на верските заедници

Од:

Северна Македонија е секуларна држава и Владата не се меша во работата на верските заедници, изјави денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски во врска со вчерашните превирања во Исламската верска заедница.

Во врска со обвинувањата на реисот Сулејман Реџепи упатени кон Владата, Бошњаковски истакна дека Владата осудува говор на омраза, како и секогаш досега и додаде дека институциите што се вклучени во одредени проблематики што се случуваат во ИВЗ ќе го дадат и својот збор во дадено време.

Предмалку и Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи остро демантираше каква било нивна вмешаност во последните случувања и превирања во Исламската верска заедница (ИВЗ), за што синоќа беше обвинета од реис ул улемата на ИВР Сулејман Реџепи.

Во синоќешниот настап, по одржаната вонредна седница на Ријасетот на ИВЗ, Реџепи во дел од својата изјава ги обвини директорот на Комисијата за односи со верските заедници и владата дека се вмешани во последните случувања во Исламската верска заедница.

-Иако на целата јавност и е позната некредибилноста, неоснованоста и невистинитоста на ваквите наводи, поради длабока и искрена почит кон граѓаните со муслиманска вероисповед сакаме да упатиме остар демант и јасна порака дека Комисијата за односи со верските заедници, ниту нејзиното раководство на ниту еден начин не е вмешана во последните случувања и превирања во ИВЗ. Задржувајќи го личното и институционалното реноме на високо ниво нема воопшто да се впуштаме во понатамошна комуникација со лични дискредитации и инсинуации. Ова беше непримерен чекор за изнесување клевета, се наведува во соопштението на Комисијата.

Пробемот ескалира вчера попладне кога со одлука на судот за нов поглавар на ИВЗ беше назначен Скендер Бузаку, кој најави дека од денеска го презема раководењето со верската заедница и дополни дека тој ја има повикано финансиксата полиција да ги детектира неправилностите во работата на раковдните тела на ИВЗ. На тоа реагираше Ријасетот на ИВЗ и лично реисот Реџепи, обвинувајќи ги Комисијата за верски заедници и владата за грубо мешање во нивната работа.

-Станува збор за внатрешни прашања на верската заедница, за кои апелираме да се решаваат со взаемно разбирање, во согласност со позитивно правните прописи и во интерес на верниците, велат од Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи по однос на изјавата на реис ул Улема хаџи Сулејман еф. Реџепи.

Би можело да ве интересира

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито

СДСМ: Поткуп земаат дури и возачите на владата на Мицкоски

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите