Боро Стаиќ седум години докажува дека лекарска грешка е причина за неговата парализа

Од:

Боро Стаиќ седум години ја бара правдата во судовите, откако поради лекарска грешка остана целосно парализиран. Охридскиот суд два пати ги ослободи од вина лекарите, истовремено Апелацискиот суд во Битола го враќа случајот на повторно судење. На денешното рочиште, вештите лица од Судска медицина објаснија дека со непревземање на медицински мерки кои лекарите мора да ги направат при фрактура на вратните пршленик, предизвикале оштетувања на рбетниот мозок. Стаиќ бил влечен по скали од неговите другари до шестиот кат, каде што живеел.

Тимот кој го прегледал Стаиќ тврди дека добиле повик за пијано дете. Лекарката од Итната медицинска помош вели дека не знаеле оти паднал во вода, а пак, специјалистот пред судот тврдеше дека Стаиќ не се жалел на болка.

„Добивме повик за пијано дете. Немавме податок за повреда, скок во вода, дека паднал. Додека го транспортиравме до болница, тој не покажа симптоми за болка. Го прашував, но не добивав одговор“, рече лекарката Ана Неделковска, дел од тимот на Итната медицинска помош.

Лекарката Ана Неделковска, дел од тимот на Итната медицинска помош
Лекарката Ана Неделковска, дел од тимот на Итната медицинска помош

Специјалистот од Општата болница во Охрид, Ѓоко Константиновски пред судот кажа дека не можел да констатира дека пациентот имал повреда. Наспроти Неделковска, специјалистот тврдеше дека разговарал со Стаиќ, кој не се жалел на болка.

„Ми одговараше на сите прашања, но не ми кажа дека паднал и дека имал болка“, рече Константиновски.

Специјалист од Општата болница во Охрид, Ѓоко Константиновски

За искомплицираната здравствена состојба придонел и неговиот транспорт до домот, откако бил пуштен од болница. Вештакот Зоран Павловски посочи дека одземеноста на екстремитетите постоела веднаш по скокот, тврдејќи дека доколку навреме бил хоспитализиран, шансите за заздравување ќе биле поголеми.

Обвинителството ги гони двајцата лекари за тешки дела против здрвјето на луѓето.

Би можело да ве интересира

И дале погрешен лек – почина тригодишно девојче по операција на крајници

А1он

Немало грешки во лекувањето на малата Јана – Нема кривично дело за смртта, пресече Обвинителството

Анита Петровска Рајковиќ

Mу ги дупналe цревата при рутински преглед: Поради лекарска грешка пациент од Србија три пати реанимиран

А1он

Комисија ќе бара лекарска грешка по смртта на 33 – годишната пациентка чие семејство обвини дека при шиење на матката и било продупчено тенкото црево

Маја Илиевска-Пачемска

Нова Комисија ќе утврдува зошто на породување ѝ биле извадени бубрег, матка и јајчник на родилката од Дебар

Маја Илиевска-Пачемска

Родилката од Дебар: ќе ги објавам имињата на лекарите што не најдоа пропуст за извадените бубрег, јајчник и матка

Маја Илиевска-Пачемска