Борисов: Недозволиво е јас да кренам рака против вашето членство во НАТО

Од:

Премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов, вели дека е време да се заврши со конфликните теми поврзани со историјата. Борисов вели дека сите херои се бореле за една цел и се надева дека историчарите ќе вложат огромни напори за да се решат историските прашања. Тој вели дека не сака да помисли дека неговата држава ќе ги блокира интеграциите на Северна Македонија во НАТО.

„Дури не би сакал да мислам дека може да дојде до такво прашање, Бугарија да ја попречува Северна Македонија за членство во НАТО. Недозволено е јас да кренам рака против Северна Македонија. Ние да дозволиме да ја блокираме Македонија? Не сакам ни да помислам. Ако кажам – да, ќе гласам против, тогаш колегата ќе треба да каже – добро де, и ние ќе бидеме против“. Тука нема ни едно ритче на кое нема погинато човек и сега да поставиме вакво прашање?“, рече Борисов одговарајќи на прашање.

Борисов е дециден дека до октомври ќе се реши чиј херој е Гоце Делчев, но потенцира дека и тој има граници и дека не сака да биде предавник на Бугарија.

„Сите херои што ние ги оспоруваме, се жртвувале за ние да стоиме тука заедно. Тие мечтаеле да се има автономија, да се има мир. Се надевам дека историчарите не само што нема да попречуваат туку и ќе вложат огромни напори за да го најдат правилното во историјата, што ќе нè обединува за заедно да можеме да се поклониме на гробовите. Овие луѓе го дале својот живот и имале цел. Што имаме ние пакосно направено? И од наш заеднички интерес е да бидете во НАТО. Денес, обновуваме споменик што е срушен, еден човек погинал за да ги сочува своите војници. Комисиите треба да седнат и да разберат дека имаат историска задача и до октомври да се завршат овие теми. Инаку, верувајте дека би било навредливо за јунаштвото. Јас исто така имам граница бидејќи би бил предавник на Бугарија“, додаде Борисов.
Бугарскиот премиер најави дека нема да коментира ништо повеќе во однос на тоа чиј е Гоце Делчев сè додека комисиите не постигнат договор.

„Гоце Делчев е Бугарин кој се борел за слободата на Македонија. Тоа беше изјавата. За да не ми поставувате во иднина вакви прашања, обратете се до Ангел Димитров, член на комисијата, и ќе добиете одговор. Тој може да ви даде одговор. Кога ќе ми ја дадат папката со тоа што е договорорено, тогаш Бугарија ќе реши што ќе прави. Згрешив, тогаш згрешив“, објасни Борисов.

Би можело да ве интересира

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Нордиските и балтичките земји ја поддржуваат улогата на НАТО во поддршката на Украина

Русија: Немаме намера да влегуваме во конфликт со НАТО

Четири години од членството во НАТО – Земјава не е само фактор на стабилизација на регионот, туку и поттик за државите во соседството

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски