Борисов го поздрави договорот меѓу Македонија и Грција

Од:

Бугарскиот премиер Бојко Борисов ги поздрави премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, како и министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, за договорот меѓу двете држави кој беше потпишан денеска во Преспа.

– Ги поздравувам премиерите Алексис Ципрас и Зоран Заев, како и нивните министри за надворешни работи, за важниот и храбар чекор кој заедно го направија денеска, напиша Борисов на Фејсбук.

– Договорот за спорот за името го отвора патот на Република Македонија кон ЕУ и НАТО. Бугарија секогаш го поддржувала нашиот сосед по овој пат. Најважно сега е граѓаните на сите земји на Балканот да сфатат дека овој договор не води кон територијални претензии или идни проблеми, напротив – ќе ни помогне да живееме заедно подобро, пишува Борисов.

Би можело да ве интересира

Бугарија оди на осми избори за пет години

Катерина Ѓуровски

МНР: Бугарското МНР наместо партнер, сѐ почесто настапува како рецензент на македонските политичари

Шок во Бугарија: Радев даде оставка

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

Колона возила кај граничниот премин Делчево поради електронска проверка на патници без ЕУ пасоши

Бугарија: Акцискиот план за заедниците во Македонија не треба да биде спор поради јазикот на документот