Борисов: Би поддржале отстапки што би ги направила Владата на Петков кон Скопје

Од:

Ако бугарската Влада направи отстапки кон Северна Македонија и ги достави до Парламентот, ние сме подготвени да ги поддржиме, изјави поранешниот бугарски премиер и лидер на најголемата опозициска партија во земјата Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Бојко Борисов во интервју за најтиржниот бугарски весник „24 Часа“.

Запрашан дали планот предложен од новиот бугарски премиер Кирил Петков за формирање работни групи за дијалог со земјава би функционирал, Борисов нагласува дека може „само да му посака успех“ и „ако му треба поддршка, ќе му ја даде“.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Борисов во интервјуто потсетува дека неговата Владата го склучи Договорот за добрососедство со Северна Македонија, потег што го оценува како „огромен чекор напред“.

– За време на бугарското претседавање со ЕУ, имаше средби меѓу грчкиот и македонскиот премиер Алексис Ципрас и Зоран Заев, како и со (францускиот претседател Емануел) Макрон и други. Договорот од Преспа се роди во Софија, како можност по Договорот со Бугарија, потенцира Борисов, говорејќи за постигнувањата на неговата Влада.

Според Борисов, тогаш на земјава и било кажано дека има „две-три теми што треба да се решат – малцинствата, да се смени Уставот, да се разјасни историјата – и потоа да продолжи понатаму“.

– Бугарија во никој случај не ја запре Северна Македонија, тврди Борисов, додавајќи дека „не е можно да се влезе во ЕУ и да се внесат проблеми“, па затоа Софија „само ги успорила“ Скопје и Тирана.

Борисов во интервјуто нагласува и дека му посакува на новиот бугарски владин Кабинет да води добри преговори со земјава и ако неговата Влада нешто згрешила да го исправи тоа.

– За Бугарија ќе биде подобро Северна Македонија и Албанија да бидат дел од ЕУ, дециден е Борисов.

Би можело да ве интересира

Кос повтори: Македонија треба да ја исполни обврската за завршување на уставните измени

Бугарија не учествува во никакви консултации за повторно преговарање за обврските на Македонија, вели Петрова

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Мицкоски очекува „коњопој средба“ во Софија

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Фон дер Лајен му рекла на Мицкоски да закаже разговор во Софија, Македонија ќе добие патокази кога ќе се одблокира процесот

Катерина Ѓуровски

Софија одговори на идејата ЕУ да биде вклучена во разговорите со Македонија, потсетува дека обврските остануваат