Борел го оцени со највисоки суперлативи Бујар Османи, велат од ДУИ

Од:

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ и потпретседател на Европската Kомисија, Жозеп Борел преку видео порака го оцени со највисоки суперлативи кандидатот на Националната Алијанса за Интеграција за општина Чаир, Бујар Османи- неговото лидерство и посветеност, стои во соопштението на Демократска унија за интеграција.
Обраќајќи им се на жителите на Чаир, Борел истакна дека е многу задоволен што имал можност да соработува со Османи.

“Големо задоволство е за мене да говорам за човек со кој тесно соработував повеќе години. Како министер за надворешни работи на Северна Македонија и како претседавач на ОБСЕ, тој покажа лидерство, визија и длабока посветеност кон дијалогот и соработката”, рече Борел.

Во својата порака Борел потенцира дека бил особено импресиониран од способноста на поранешниот шеф на дипломатијата Османи да слуша, да гради мостови и да наоѓа решенија. Особини кои, според Борел, се клучни не само во дипломатијата, туку и во локалното управување.

“Знам колку силно верува тој во спроведувањето на ветувањата на Европа на локално ниво. Неговото искуство со европските институции ќе му помогне на Чаир да има корист од европските фондови и можности, за подобра инфраструктура, подобар образовен систем, повеќе работни места и подобри услуги”, истакна Борел.

Тој потсети дека Европа познава Османи за лидер кој реализира.

“Верувам дека жителите на Чаир ќе го препознаат како градоначалник кој слуша, кој обединува и кој носи напредок за секој жител. Го подигна гласот на својот народ на меѓународната сцена. Сега си подготвен да ја донесеш истата посветеност на улиците и во населбите на Чаир. Поздрав од Сантандер и ти посакувам успех во оваа важна мисија”, заклучи Борел.

Би можело да ве интересира

Османи: Историски избори се пред нас, 19 октомври е референдум за иднината на Чаир

Бујар Османи: Овие избори во Чаир се борба меѓу народот и клика луѓе кои 20 години го ограбуваат

А1он

Османи: Ако во првите сто дена не го исчистам Чаир, нема да продолжам понатаму

Бујар Османи: Мобилна болница и здравствени тимови за подобра превенција на здравјето на граѓаните на Чаир

А1он

Бујар Османи: Предвремени избори ќе има во март или април

Османи: Граѓаните кои се измамени нема да бидат жртви на урбаната мафија