Борците од Охрид: Посакуваме Господ да им даде памет на политичарите, да не не втурнат во уште една војна

Од:

Со марш покрај Охридското езеро, во Охрид беше одбележан светскиот ден на мирот 21 септември. Маршот беше во организација на Сојузот на борци на Охрид, а истиот го подржаа и голем број граѓани на Охрид. Од Охрид беше упатена порака до политичарите, Господ да им даде памет за да не ја втурнат Македонија во уште една војна како онаа во 2001 година.

„Во името на мирот посакуваме Господ да им даде памет на политичарите за да не не втурнат во уште една војна, како што на милост ја нарекуваа конфликт, божем тоа беше кошкање меѓу деца во училиште. Во името на мирот и слободата им порачуваме на надлежните, палењето цркви и џамии, меѓуетничките навреди, палењето на државни или национални знамиња, омаловажувањето на значајни личности и настани од минатото со етнички или националистички предзнак доведува или предизвикува војна“, рече потпретседателот на Сојузот на борците од Охрид и Дебарца, Никола Стефаноски.

„Во изминатава година сето тоа го имавме, скоро секојдневно и сето тоа беше зачинувано со секојдневни меѓуетнички тепачки меѓу младите. Затоа ова нека биде порака и закана за сите оние кои треба да се грижат за мирот и слободата, но не мир по цена на слободата, туку слобода по цена на мирот, затоа што еднаш пролеаната крв никогаш не мирува. Затоа секој ден треба да биде ден на мирот“, рече Стефаноски.

Се одржаа и едноминутно молчење во знак на почит кон сите жртви паднати за слобода во сите досегашни војни.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Уапсен е охриѓанец – впери пиштол кон скопјанец поради паркинг место

А1он

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски