А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Борче Стамов контра граѓаните: Не сака референдум во Дојран

by А1он12/06/2017 - 18:2312/06/2017 - 19:11387
Share0

Градоначалникот на Дојран, Борче Стамов не ја потпиша одлуката за референдум за рудникот „Казандол“ и со тоа истата нема да може да биде објавена во Службен весник. Иако граѓаните посакуваат референдум, а Советот на општина Дојран едногласно ја поддржа граѓанската иницијатива за одржување на референдум за рудникот за бакар, со потегот на Стамов не може да има референдум во Дојран.

Добивај вести на вибер

Опозицијата во општината го обвини за подмолни игри и најавува дека во понеделник одлуката за референдум повторно ќе биде ставена на дневен ред, а ќе бараат и одговори зошто истата не ја потпишал градоначалникот и за какви интереси се работи кои се поголеми од волјата на граѓаните.

-Локалните избори не се далеку, па еве ви уште еден аргумент за кого ќе го дадете гласот“, се обратија советниците од општината откако дознаа дека Стамов не ја потпишал одлуката.

Референдумот требаше да се одржи во недела, а покрај за Казандол, граѓаните треба да го кажат својот став и за евентуално отворање нови рудници во иднина на територијата на општина Дојран.

Одлуката на советниците за одржување на референдум во Општина Дојран дојде само една недела по идентичниот потег на советниците во Општина Богданци.

dojranstamov

Би можело да ве интересира

На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час

Горан Наумовски01/05/2025 - 12:45

Земјотрес почувствуван утрово во Дојран

Горан Наумовски16/11/2024 - 09:35

Изгаснат е пожарот кај Стар Дојран

Горан Наумовски31/07/2024 - 08:5931/07/2024 - 10:03

Ветрот не дозволува да се стави под контрола пожарот кај Стар Дојран

Горан Наумовски30/07/2024 - 16:24

Пожарот во Дојран брзо се шири, градоначалникот бара помош и вели веројатно е подметнат

Катерина Ѓуровски30/07/2024 - 13:3230/07/2024 - 14:09

(ВИДЕО) Пожар во Дојран: зафатени три куќи, се евакура населението

Катерина Ѓуровски30/07/2024 - 13:0230/07/2024 - 13:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен