Боневски: Депресијата е универзално присутна насекаде во светот

Од:

Кога се зборува за депресијата како психијатриски ентитет мора како прво да се истакне дека станува збор за болест која е универзално присутна насекаде во светот, како во најбогатите така и најсиромашните земји, се вели во реакцијата на Доц. д-р Димитар Боневски претседател на Психијатриското здружение на Македонија на прес-конференција на Гоце Чакаровски од СДСМ.

Во продолжение на соопштението се вели:

Светски тренд е порастот на нејзината зачестеност и сериозните предвидувања на СЗО одат во правец дека во 2020 година депресијата се очекува да биде на второ место по зачестеност меѓу сите заболувања веднаш после кардиоваскуларните.

Во врска со третманот на депресијата од круцијална важност е нејзиното рано препознавање и дијагностицирање бидејќи нејзиното долго опстојување без адекватен третман води до многу сериозни трајни последици.Во светски размери, па и во Македонија за жал огромен е бројот на воопшто не дијагностицирани и нетретирани депресии. Од друга страна навременото препознавање и раното вклучување на соодветна терапија-антидепресиви (Македонија во моментов ги има на располагање скоро сите најбитни андтидепресиви) и психолошкопсихотерапискиот третман ја даваат можноста за целосна и брза рехабилитација на овие пациенти и нивно враќање во секојдневниот живот. Во контекст на наведеното отварањето на регионалните центри за рано препознавање и третман на депресијата по иницијатива на Министерство за здравство е во целост во правец на следење на модерните текови и пристапи во третирањето на депресијата. Секое политизирање на оваа иницијатива на било кој начин е против интересите на пациентите и заедницата во целина. Истапувањата од типот на ваквата пресконференција кои не се засноваат на медицински аргументирани факти можат само да наштетат на суштинско позитивни идеи во здравството, во конкретниов случај во психијатријата.

Подигнување на нивото на менталното здравје е единствена, трајна и суштинска определба на Психијатриското здружение на Македонија. Иницијативата на Министерството за здравство на Р. Македонија за отварањето на регионални центри за рано препознавање и третман на депресија е во целост подржано и во координација со нашето здужение.

Сметаме дека тоа е вистински начин за дестигматизација на депресијата, приближување на менталноздравствените сервиси до граѓаните со што правовремено и со соодветен и компетентен третман ќе се намалат последиците од ова сериозно заболување.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН на прва средба за формирање на владата

Катерина Ѓуровски

Првата средба за договор за Влада, работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и на ВЛЕН ќе ја имаат утре

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата