Бонева: Не сум кажала дека сум Бугарка

Од:

Координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева демантира дека на бугарскиот европратеник Димитар Стојанов му признала дека е Бугарка.

Според неа, тврдењата на Стојанов се целосно неточни.

„По повод исказите на бугарскиот европратеник Димитар Стојанов во емисијата со Диана Најденова на бугарската телевизија БТВ, не е точно тоа што го изјавува. Разговор со таква содржина не сме имале и очигледно, од само нему познати причини, сака да наштети на мојот углед“, реагира Бонева.

Реакцијата на Бонева доаѓа по изјавата на европратеникот Димитар Стојанов за телевизијата БТВ кој рече

„Силвана Бонева, претседателката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание, додека бев во Скопје ми кажа, јас сум Бугарка, но моите деца нема да ги правам Спаски Митрови“.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?