• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Болуарте најави смена на премиерот на Перу

by А1он19/12/2022 - 10:0294
Share0

Претседателката на Перу, Дина Болуарте најави смена на премиерот Педро Ангуло, како дел од реконструкцијата на нејзиниот кабинет.

Добивај вести на вибер

Ангуло премиерската функција ја извршува само една недела.

Смените во Владата предвидени се за денеска и утре, а уследија откако министерката за образование Патриша Кореа и министерот за култура Хер Перес на 16 декември поднесоа оставки поради смртта на демонстрантите за време на немирите.

Пред три дена новата влада воведе вонредна состојба и ја ограничи слободата на собирање на граѓаните, но и покрај тоа продолжуваат демонстрациите.

Болуарте е претседателка на Перу од овој месец, откако нејзиниот претходник Педро Кастиљо беше разрешен од функцијата и потоа притворен откако незаконски го распушти Конгресот.

Откако Болуарте ја презеде функцијата во Перу се одржуваат масовни протести на приврзаниците на Кастиљо, при што загинаа повеќе од 20 луѓе.

dina boluarteperu

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Перу: Епицентарот е во близина на границата со Еквадор

Горан Наумовски08/01/2026 - 07:41

(ВИДЕО) Ужас во Перу: Автобус излета во провалија, најмалку 40 мртви

Катерина Ѓуровски13/11/2025 - 09:09

Перуанската претседателка Болуарте е разрешена, Хозе Хери станува привремен претседател

Горан Наумовски10/10/2025 - 08:59

Се очекуваат бранови до два, три метри на брегот на Перу

Горан Наумовски30/07/2025 - 16:5730/07/2025 - 17:08

Автобус се урна во клисура во Перу, загинаа најмалку 15 лица

Горан Наумовски26/07/2025 - 16:07

Силен земјотрес го погоди Перу

Горан Наумовски08/07/2025 - 17:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен