Болните и изнемоштените во Струга го остваруваат референдумското право

Од:

Дваесет и три болни, стари и изнемоштени лица денеска почнаа да гласат на 16 избирачки места во Струга за референдумот.

Во општина Струга право на глас имаат 60.169 лица на 101 избирачко место.

Претседателот на Општинската изборна Комисија Бледар Зиба за МИА информира дека сите избирачки места се подготвени за утрешниот референдум и денеска го делат гласачкиот материјал.

– Општинската изборна комисија во Струга е подготвена за утрешниот референдум. Во четвртокот го примивме материјалот од ДИК, вчера го подготвивме и денеска го делиме. Во градот е речиси поделен, а во тешко пристапните села се уште се носи, изјави Зиба.

Во Вевчани гласањето ќе се реализира во три избирачки места, каде право на глас имаат 2.038 вевчанци од кои нема пријавено ниту еден болен или изнемоштен за предвреме да го оствари правото на глас.

Претседателката на Општинската изборна комисија Параскева Гогоска Кукоска изјави дека се е подготвено за референдумот.

Би можело да ве интересира

Швајцарците го отфрлија предлогот за ограничување на бројот на жители на 10 милиони

A1on

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Референдум во Република Српска на 25 октомври

Словенија одлучува: Или остануваме и ја плаќаме членарината или го напуштаме НАТО