Боки 13 во предканцерогена состојба, влошено здравје, спротивно на укажувањата од лекарите е вратен во „Идризово“, се жалат неговите адвокати

Од:

Правниот тим на Бојан Јовановски со прекар Боки 13 преку писмено соопштение извести дека тој од болничко лекување повторно е вратен во затворот „Идризово“ во пред канцерогена состојба.

„Ваквото постапување е спротивно на препораките дадени од десетици лекари кои го лекуваа Јовановски во изминатиот период, спротивно на конзилијарните мислења и лекарските извештаи. Во нив јасно стои дека без прекин на казната, услови за лекување на метаплазието на желудник не може да се спроведе во пенални услови, а со оглед на специфичната состојба во која се наоѓа“, соопштува правниот тим на Јовановски.

„За предканцерогената состојба на Јовановски, Ви доставуваме и хистопатолошки наод од Институтот за патологија при Медицинскиот факултет во Скопје каде се констатира: „Наодот одговара за хроничен гастритис со фокуси на интестинална метаплазија“.

Од медицинската документација, која исто така Ви ја доставуваме во целост, јасно стои: „Доколку не се спроведат дадените препораки за понатамошно лекување на пациентот исклучиво и единствено во задолжителни домашни услови, согласно сето погоренаведено ќе настанат трајни последици по животот и здравјето на пациентот. Наодот е реферириран на стручен колегиум на ЈЗУ УК св. Наум Охридски и стручниот колегиум е едногласно согласен за дадените препораки и упатство за понатамошно лекување“.

И од Клиниката за дигестивна хирургија, чиј наод Ви го доставуваме, е посочено: „Се придржуваме кон препораките издадени од колегите од ЈЗУ УК св. Наум Охридски, со оглед на фактот дека пациентот таму е опериран и лекуван и од ЈЗУ за Гастроентерохепатолигија каде што е прегледуван и иследуван“.

Потсетуваме дека Јовановски веќе алармираше дека е мета на невидена и незапаметена тортура, која исто така, влијае на неговото здравје. Враќањето на Јовановски во пенални услови и во ваква здравствена состојба не претставува само грубо кршење на неговите права, туку и опасност за неговиот живот.

Јовановски очекува тортурата кон него да биде поинтензивна и поради сите јавни објави. Ја повикуваме јавноста будно да го следи процесот кој тој го иницираше“, се додава во соопштението на правниот тим на Бојан Јовановски.

Би можело да ве интересира

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески

Боки 13 уште е во болница, Апелација ја одложи јавната седница за „Меѓународен сојуз“

Катерина Ѓуровски