Боки 13 и Зоки Кичеец добија нови триесет дена притвор

Од:

Кривичниот суд одлучи да го одобри барањето на Обвинителството за организиран криминал и корупција, од каде бараа продолжување на притворот за Бојан Јовановски познат како Боки 13 и Зоран Милевски познат како Зоки Кичеец.

„Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за продолжување на мерката притвор за Б.Ј. и З.М. опфатени во предметот во медиумите познат како „Рекет“, по разгледување и ценење на фактите и доказите донесе решенија со кои го прифати предлогот и ја продолжи мерката притвор за нови 30 дена“, писмено извести Кривичниот суд.

Јовановски е првоосомничен во истрагата на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Јовановски заедно со Зоран Милевски Кичеец е обвинет за примање награда за противзаконско влијание како и за перење пари.

Според предистрагата, во периодот од април 2018 до април 2019 година тие барале рекет од бизнисменот Орце Камчев, за преку Катица Јанева да биде олеснета постапката што се води против него за случајот „Империја“. Од бизнисменот биле барани 8 милиони евра, а добиле 1,5 милиони евра.

 

Би можело да ве интересира

Советот на обвинители нема веднаш да избере замена за Јанева, ќе утврдува дали работела несовесно

Која е Јасна Мандиќ – соработничката на Боки 13?

Мери Јордановска

Османи: Поддршка за целосно расветлување на „Рекет“

Ана Ололовска

Грчките медиуми за притворот на Јанева

Ана Ололовска

Европската Комисија не го коментира притворот на Јанева

Ана Ололовска

Јанева не е сместена во хашкото одделение за да не се сретне со Боки 13