Боки 13 хоспитализиран во „8-ми Септември“

Од:

Првообвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13 e задржан на интензивна нега во болницата „8-ми Септември“. Како што информираат од болницата тој е хоспитализиран заради спроведување контролни прегледи по медицина базирана на докази.

„Дијагностичките процедури се во тек. По завршување на целата постапка, стручниот колегиум ќе се произнесе за констатираната состојба“, информира Доц. д-р Христијан Костов.

Пред десетина дена неговиот адвокат Саше Дуковски на прес конференција тврдеше дека Јовановски има сериозни здравствени проблеми и дека никој не сака да издаде решение за негова хоспитализација, но дел од медицинските установи ги демантираа наводите на бранителот. Дуковски посочи дека Боки 13 има нефункционален бубрег и проблеми со желудникот.

Првото рочиштето за случајот „Рекет“ е закажано за 3-ти декември.

Би можело да ве интересира

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог

Апелациониот суд Скопје ја објави пресудата за Боки 13

Катерина Ѓуровски

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за Боки 13 во случајот „Рекет“

А1он

Маж од Битола и се заканувал и изнудувал пари од сограѓанка

Боки 13 ги отфрла наводите за пријавата за загрозување на сигурноста, демнење и лажно пријавување

Катерина Ѓуровски