Боки 13 е на операција за отстранување на желудникот

Од:

Бојан Јовановски денеска е во „Св.Наум Охридски Скопје“, му се врши хируршка интервенција за целосно отстранување на желудникот, потврди за А1он адвокатот на Јовановски, Владимир Туфегџиќ.

Од правниот тим на Јовановски велат дека станува збор за операција од висок ризик и потенцираат дека оваа ситуација можеше да биде избегната ако беа прифатени барањата за времен прекин на издржување на затворската каззна затоа што во затворот нема услови за адекватен третман на неговата состојба.

– Oперацијата е со висок ризик, како што впрочем и укажаа лекарите специјалисти од областа во повеќе наврати во специјалистичките извештаи кои беа доставени до судот и до управата за извршување санкции. Сето ова можеше да се одбегне согласно препораките на лекарите специјалисти. Ако му беше овозможено да се спроведе задолжителниот и строг здравствен режим кој беше невозможен во пенални услови и од тие причини лекарите препорачуваа дека единствено со времен прекин на казната и во домашни услови здравствената состојба на пациентот може да се санира и да се одбегне оперативниот зафат кој денеска се случува, вели адвокатот Туфегџиќ.

Би можело да ве интересира

Боки 13 уште е во болница, Апелација ја одложи јавната седница за „Меѓународен сојуз“

Катерина Ѓуровски

Боки 13 хоспитализиран, ќе му се отстранува желудникот

Ана Ололовска

На Боки 13 мора да му се извади желудникот ако сака да преживее – затворот му ја влошил состојбата

А1он

Правниот тим на Јовановски тврди: 11 доктори од Итна помош констатираа дека Боки-13 не може да се лекува во затвор

Горан Наумовски

Боки 13 за брендираната гардероба: Чии ли нечисти раце ми ги носат чантите, чии ли нечисти нозе ми ги носат чевлите?

Катерина Ѓуровски

Правниот тим на Боки-13: Ниту една закана нема да не спречи од реализација на операцијата „Бумеранг”

Горан Наумовски