Боки 13 до Камчев: Катица пука со пиштол, ѝ пишав СМС дека сме завршиле

Од:

Италијанскиот новинар објави и трет аудиозапис од разговорот меѓу Боки 13 и Орце Камчев, каде повремено се вклучува и Зоки Кичеец. На снимката се слуша како Боки 13 се обидува да ја добие Катица Јанева на телефон, но не успева, за потоа да каже дека ја информирал обвинителката дека тие „завршиле“.

„Ѝ пишав СМС дека сме завршиле. Бидејќи можеби сè уште пука“, вели Боки 13.

На Камчев не му е јасно што се случува и заинтересирано го прашува Боки 13 каде и кој пука, на што добива одговор „Со пиштол пука, па да не нè слуша поради тоа, Катица“. Камчев и натаму продолжува да се распрашува за обвинителката, мислејќи дека Боки 13 се шегува со него.

„Кај пука, она пука? На стрелиште? Не ме зезај“, му вели Камчев на Боки 13, по тој му одговара „Да бе, не те зезам“, на што Камчев почнува да се смее.

Во натамошниот тек на објавениот разговор се вклучува и Зоки Кичеец откако Камчев го прашува „Ти си знаел за оваа работа?“, по што Кичеец одговара „Не“.

Зоки Кичеец и Орце Камчев зачудено го прашуваат Боки 13: „Обвинителите од СЈО?“, а тој одговара „Да“.

Во разговорот се слуша како Камчев и Боки 13 се договараат за исплатата на парите, но и за тоа што бизнисменот добива откако ќе ги даде парите.

„Мене ме интересира. Ова чини толку, јас и ти договараме сè. Ама треба да ми кажеш што е сè: ова, ова и ова. Овде сега, јас не можам да ја направам игранката за да завршам сè со тебе. Ти води ја игранката и кажи ми: ова ќе добиеш, тоа, тоа и тоа… И второ, не знам, влезена ли е женава во играва со нас? Оваа Лиле? Таа си ја тера својата работа. Башка, мене еднаш Чифлиганец кога ми се јави ми бараше за неа дуќан за стоматолошки ординации, за глупости, за такви работи. Јас од***в сè тоа““, му вели Камчев на Боки 13.

Во натамошниот тек на разговорот, Боки 13 му вели на Камчев дека не треба да го интересира што ќе прави „шефицата“ и дека тоа е нејзина работа, на што бизнисменот вели „Не навлегувам, не ме интересира, само сакам сите да бидат среќни и задоволни, а да нема последици“.

Орце Камчев барал да му се каже која е сумата за да се заврши „таа“ работа, по што не се споменува конкретна сума, туку Боки 13 му одговара „Јас ти кажувам тотал“.

На крајот од објавената аудиоснимка се слуша како Орце Камчев му се јавува на Боки 13 и му вели „Имаш поздрави од женава“, на што бизнисменот го возвраќа поздравот. Потоа, следува договор кога да се сретнат Камчев и Боки 13, а во еден дел од разговорот се слуша и гласот на Катица Јанева, која вели „Не се секирај, сè ќе биде океј“, на што Камчев вели „Океј, океј, нема проблем“.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески