Бојмацалиев: Над 100.000 граѓани ги чекаат личните документи, пробиен е законскиот рок

Од:

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев запрашан за застојот во издавање на личните документи образложи дека со доаѓањето на техничката влада, министерот направи некои реформи, познати од само нему некои лични причини, коишто не донесоа никаков резултат.

„Според последните сознанија што ги имам и бројките што ги побарав, над 100.000 граѓани ги немаат добиено своите пасоши во законскиот рок. А само ќе напоменам дека пред техничката влада, сите граѓани ги добиаа своите лични документи во рок од 15 дена. Но за среќа техничката влада завршува за брзо па ќе ги вратиме управните служби на прав колосек, граѓаните ќе бидат сликани и услужени за 15 дена да ги имаат своите документи. Тоа го зборував уште од првиот денл, но не наиде на разбирање дека не е само да ги сликаме граѓаните, да им ги земеме парите, а да не им ги дадеме пасошите. Граѓаните чекаат некаде веќе два и пол месеци за одредени документи за кои уредно си платиле и се сликале“, потенцираше дополнителниот заменик министер Бојмацалиев.

Би можело да ве интересира

Со лични документи истечени од 24 јули може да се гласа на утрешните претседателски избори

Катерина Ѓуровски

Бојмацалиев: Со пет пловни објекти ја гарантираме безбедноста на границата и на Охридското Езеро

Орце Костов

Денеска фотографирање без закажан термин за граѓани кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ

(ВИДЕО) Бојмацалиев: Обезбедени финансии за бонус плата која ќе ја исплатиме по изборите

Во сабота граѓаните кои наполниле 18 години можат без термин да се фотографираат за лични документи

Горан Наумовски

Тошковски: Несериозни и непрофесионални се изјавите за убиството на лекарот