Бојковска: Вработените во МВР ќе добијат повисоки плати

Од:

Овој предлог буџет за 2025 година кој денес е пред нас е буџет кој што ја потврдува нашата посветеност на развојот, на модернизацијата и на подобрувањето на животниот стандард на сите граѓани. Овој буџет не е само документ на бројки туку е мапа за напредок, план за нашата иднина и потврда на одговорноста што како власт ја имаме пред народот, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Драгана Бојковска во Собранието на Комисијата за финансирање и буџет.

Бојковска укажа дека целта на предлог буџетот е да се изгради стабилен и одржлив раст на државата.

“Целта е да изградиме стабилен, одржлив и развоен раст на државата, кој ќе ја носи нашата земја во еден нов економски правец, со јасен фокус на реализирани и видливи капитални инвестиции кои ќе го зголемат бруто домашниот производ во Република Македонија“, рече Бојковска.

Бојковска посочи дел на распределбата на средствата за предлог буџетот за 2025 година.

„Заштитата на животната средина бележи значително зголемување од 44,4% за управување со отпад и намалување на загадувањето, со износ од 6,4 милијарди денари. За функцијата одбрана се зголемени исто така за 13,7%, додека средствата за јавен ред и мир се зголемени за 11,3% и достигнуваат 23,6 милијарди денари. Во здравството има планирани 57,4 милијарди денари, кои се за 4 милијарди повеќе во споредба со буџетското планирање во 2024 година. Со овој буџет повисоки плати ќе има и за здравствените работници, кои мора да ги задржиме во Македонија. Најавуваме комплетен рестарт на ресорот здравство, бидејќи 7 години имавме трул здравствен систем“, рече Бојковска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Заврши времето на еднострани отстапки, Македонија бара реципроцитет од Бугарија

Лозановска: Во времето на СДС и ДУИ се нарачуваа судски пресуди и сето тоа доведе довербата на граѓаните во правосудството да падне на цели 2%

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче соработува со лица што го негираат македонскиот идентитет

Министерството за транспорт ги објави четирите понуди за електричните автобуси, тврдењата на СДСМ ги оценуваат како паушални

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири невистина со поништената набавка на 150 електрични автобуси