Бојкотот продолжува, на средношколците им снемува храна

Од:

Бојкотот на средношколците продолжува. Од училниците се префрла во кампот пред МОН.

„Во подготовка е агендата за оваа недела. Не се откажуваме и покрај рокот од 25 дена. Нашите барање се јасни, нашиот став е јасен, нашата желба за поквалитетно средно образование е неизмерна. Она што беше изгласано денес на Генерален Пленум е дека бојкотот продолжува во Паркот на новинари за сите, односно се префрла од училиштата пред МОН. Ќе се врши и евиденција за отсуства. За утре се планирани алтернативни предавања а за агендата за следните денови дополнително“, се вели во соопштението од Средношколскиот пленум.

srednoskolciKamp

Во меѓувреме, на учениците им снемува храна. Пред една недела голем број граѓани донираа храна, ќебиња, пијалоци. Но, тие се веќе потрошени. Тие на фејсбук страницата напишаа дека имаат потреба од храна и пијалоци.

-Леб на парчиња, млеко, јогурт, овошје и зеленчук, конзервирана храна, намази, грицки, вода, сокови, пластичен прибор – овие продукти им недостасуваат на средношколците кои веќе седум дена кампуваат пред Министерството за образование и наука. И по четири средби со вицепремиерот Владимир Пешевски и министите Адеми и Ристовски, нема договор за барањата на средношколците.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Средношколците ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци

Средношколците за време на летниот распуст може да користат бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП

Средношколците ќе учат до 10-ти, a основците до 17 јуни, ќе се одлучува како ќе се надоместат двете неработни среди за изборите

Преполовен бројот на новите средношколци во Струмица

Гимназиите веќе не се најпривлечни за учениците