Бугарскиот професор Бојко Пенчев: Што сакаме од Македонија?

Од:

„Немоќна да се справи со растечката епидемија, исплашена од кенкавите и неефикасни, но инаку дрски протести, владата се обидува да покаже мускули барем на темата „Македонија“. Сè започна со ВМРО, која во пумпањето на оваа хистерија виде шанса да го подигне својот рејтинг над прагот од 4 процени за влез во Парламентот. И сега, заради некои избори на пролет, Бугарија е пред грешка со големи историски последици,“ пишува професор Бојко Пенчев, декан на Факултетот за словенска филологија на софискиот Универзитет „Св. Климент Охридски“.

Еве го интегрално авторскиот текст на Пенчев, „Што сакаме од Македонија“, кој денеска го пренесуваат бугарските медиуми:

– Тука и таму во медиумите ќе најдеме признание дека бугарската позиција е неразбирлива за Европа. Така е, но не не ја разбираме и внатре во Бугарија. Што точно сакаме од Македонците за да им го отвориме патот кон ЕУ? Ако ја прашате Екатерина Захариева, потоа (Ангел) Џамбаски и конечно некој од улицата, ќе добиете сосема различни одговори. Во исто време, Захариева и Џамбаски ќе тврдат дека бранат позиција за која постои национален консензус. А кој е тој?

Наш национален консензус е дека сакаме Македонците да признаат дека тие всушност се Бугари.

Што не може да се случи и не може да се каже официјално и јавно. Затоа започнуваат пресврти:

Зошто си го нарекуваат јазикот „македонски“? Ние не даваме!

Како што ќе си решат, така и ќе си го нарекуваат јазикот, тие се независна држава. Дури и да е ист како литературниот бугарски, тие сепак можат да го наречат „македонски“. А тој не е ист. Речиси 30 години во Бугарија се преведуваат и објавуваат македонски автори, но „државниците“ сè уште не сакаат да ја признаат реалноста. Кое е значењето на чисто јазичните изјави за блискоста и разликата?! Ајде, ако тие сакаа да го наречат својот јазик „бугарски“, а ние бевме „против“ затоа што ги држиме авторските права, ќе имаше некаква логика.

Дали требаше да ги препознаат бугарските корени на јазикот и идентитетот? Молам?!

Да пиризнаат „корени“, метафора?! Тоа е апсурдно! Како Борис Џонсон да се сети да тропне на маса и да побара од Белата куќа да ги препознае англиските корени на американскиот идентитет.

Во учебниците пишувало дека Бугарите биле „фашистички окупатори“ за време на Втората светска војна.

Тоа е прашање на толкување. Всушност, дали БСП призна дека во нашата земја немало фашизам и „антифашистичко движење“? Може ли во Бугарија да имало „фашисти“, а да се лутиме ако Македонците ги нарекуваат бугарските окупациски единици на Новите територии „фашистички“?

Јасно е дека ние, Бугарите, сме воспитани да ја гледаме Македонија како збунето дете кое залутало и ги заборавило своите родители. И што правиме од ова дете?! Како што се пее во познатата песна на „Контрол“ од почетокот на 90-тите: „Не можете да му дадете ништо, затоа удрете со лопатата каде што стигнете“.

Време е нашите државници, мажи и жени, да се сетат на параболата за кралот Соломон и двете жени кои се скарале за тоа која е вистинската мајка на едно дете.

Кога Соломон понуди да го раздели пресекувајќи го на половина, вистинската мајка рече: „Земи го, само нека остане живо“. Ако Бугарија е вистинска мајка за Македонија, време е да ги пуштиме Македонците да си одат слободно таму каде што решиле.

Да се ​​сопне Македонија на нејзиниот пат кон Европската унија не е само морално неодбранливо, туку и глупаво од геополитичка гледна точка. Предавство на бугарските национални интереси е да се работи на тоа Северна Македонија да остане разединета држава, оставена надвор од ЕУ, растргната од секакви конфликти, и за сето тоа со право треба да се обвинува Бугарија.

Би можело да ве интересира

Нова провокација во клучен момент – Бугарското МНР за реакциите во земјава за децата од „Мал битолски Монмартр“

Катерина Ѓуровски

Бербок: Договорената промена на Уставот да не се користи во натпреварот за популарност или да добивка на изборите

Македонската телевизија не се емитува во Бугарија, Ковачевски ќе бара одговор од МНР зошто

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Законот за здруженија ќе биде проверен од ЕУ во текот на скринингот

Орце Костов

(ВИДЕО) Османи: Ако се тргнат провокациите од Софија, македонските граѓани би почувствувале топлина од Бугарија

Орце Костов

(ВИДЕО) Османи: Ќе предложам до Владата Законот за здруженија да го испрати до Венецијанската комисија

Орце Костов