Бојко Боев: Контрадикторна е одлуката на Уставниот суд за исфрлањето на новинарите од Собрание

Од:

Уставниот суд на Македонија не постигнал рамнотежа меѓу слободата на изразување и правата на другите лица и не успеал да понуди заштита на слободата на медиумите во согласност со меѓународните стандарди – пишува во анализата на Бојко Боев, експерт во објаста на меѓународното право за слобода на изразување, кој работи во организацијата АРТИКЛ 19 во Лондон.

Анализата се однесува на одлуката на Уставниот суд во врска со присилното отстранување на новинарите од собраниската галерија на 24 декември 2012 – та година.

Авторот смета дека одлуката на судот е проблематична, бидејќи не ја зел предвид улогата на медиумите и парламентите во едно демократско општество и не успеал да обезбеди заштита на слободната комуникација за прашања од јавен интерес, не го применил правилно триделниот тест за законити ограничувања на слободата на изразување и дека судот направил грешка во разгледување на стандардите за заштита на новинарите.

– Судот не направил проценка дали постои неодложена општествена потреба за отстранување на новинарите од галеријата. Новинарите не чувствувале опасност или закана и сакале да останат за да известуваат за седницата во Собранието. При оценувањето на општествената потреба за отстранување, Судот требало да ги земе предвид природата и целта на новинарската професија. Новинарите често известуваат од боишта, воени зони и жаришта на судири. Секакво ограничување на нивната способност да известуваат кое не ја зема предвид нивната лична оцена за сопствена безбедност, ја спречува јавноста да добие значајни информации. Државните власти не можат да интервенираат за да ги заштитат новинарите освен ако тие самите не побарале таква заштита – стои во анализата.

Понатаму, Боев анализира дека судот не оценил дали причините за остранување на новинарите од седницата се релевантни и доволни да се оправда таквата одлука.

– Судот, требало да ги посочи спротивставените факти поднесени од подносителите на барањето и од властите во однос на потребата за отстранување и детално да се истражи фактичката состојба, со одржување јавна расправа и учество на двете страни. Објаснувањето на Уставниот суд за нужноста за отстранување на новинарите изгледа контрадикторна. Иако Судот прво се согласува дека отстранувањето претставува мешање во слободата на изразување, на крајот од одлуката констатира дека правото на новинарите да известуваат од Собрание не претрпело влијание и дека тие можеле да ги објават своите статии за расправата во текот на денот и заклучува дека не настанало кршење на слободата на изразување. Судот не дава причина поради кои го променил почетниот став дека постоело мешање во слободата на изразување – пишува во анализата, која е направена на барање на Центарот за развој на медиуми.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Коцевски: Јавно ја осудувам секоја форма на притисок и закани кои се насочени кон замолчување на новинарите

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Почина Исуф Кадриу, дописник на РСЕ од Скопје

Предраг Петровиќ

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он

Ден на слободата на медумите – македонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

А1он