Бојан Јовановски во Обвинителството ќе продолжи со поднесување кривични пријави

Од:

Бојан Јовановски, кој е осуден во предметот „Рекет“, денеска повторно ќе биде спроведен во Основното јавно обвинителство Скопје за да заврши со поднесувањето кривични пријави на записник.

Јовановски на 25 јуни беше во Обвинителството, но тогаш не завршил со поднесувањето на пријавите и записникот останал отворен, по што му закажале нов термин за денеска.

Адвокатот на Јовановски, Сашко Дуковски, минатата недела изјави дека пријавите се за функционери од државните институции, но и за лица надвор од нив. Притоа, посочи дека кривичните пријави се за дела злоупотреба на службената положба и овластувања, изнуда, измама, давање лажен исказ, несовесно лекување, тортура…

Јовановски во случајот „Рекет“ беше осуден на девет години затвор, а поранешната специјална обвинителка Катица Јанева доби седум години затвор.

Би можело да ве интересира

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески

Боки 13 уште е во болница, Апелација ја одложи јавната седница за „Меѓународен сојуз“

Катерина Ѓуровски

Боки 13 е на операција за отстранување на желудникот

Катерина Ѓуровски