Бојан Јовановски: Спремен сум да доставам „бомби“ до Абази за криминал во највисоките државни структури

Од:

Правниот тим на Бојан Јовановски извести дека Јовановски иницирал постапка пред јавниот обвинител Ислам Абази, шеф на ОЈО за ГОКК Скопје.

„На ден 16.02.2023 година Бојан Јовановски во писмена форма, своерачно потпишана од негова страна, тој побара да биде изведен во најкус можен рок, исклучиво пред обвинителот Ислам Абази и во присуство на полномошниците м-р адвокат Владимир Туфегџиќ, адвокат од Скопје и Сашо Дуковски адвокат од Скопје, поради тоа што истакнува дека единствено има доверба во посочениот јавен обвинител. Бојан Јовановски во писмото до јавниот обвинител истакна барање за поднесување на кривини пријави на записник кои се однесуваат на лица и настани поврзани со коруптивни, казниви дела и криминални дејствија на лица од највисоките државни структури од сферата на политиката, правосудството, бизнис елитата и други лица кои биле во заедничка корелација на сторување“, велат од Правниот тим на Бојан Јовановски.

„Со наведеното ја информираме јавноста дека започнува исклучително сериозен и сензитивен процес, дотолку повеќе што Бојан Јовановски при поднесувањето на кривичните пријави на записник ќе ги предаде сите докази во поткрепа на пријавите , а доказите кои ги поседува се во форма на снимени разговори, транскрипти, пораки, фотографски и видео записи ( т.н. “бомби” ) како што е и наведено и во самото барање до јавниот обвинител од страна на Бојан Јовановски.

Благовремено преку јавните гласила ќе бидат споделувани информации за отпочнатиот процес и ја повикуваме јавноста со внимание да го следи процесот, особено важно поради статусот и положбата на подносителот Бојан Јовановски, за кој апелираме дека после започнување на овој процес ќе биде изложен на интензивирана тортура, притисоци и закани, па оттука повикуваме на разумност и поддршка од општата и стручната јавност“, се додава во соопштението на Правниот тим на Бојан Јовановски.

Би можело да ве интересира

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески

Боки 13 уште е во болница, Апелација ја одложи јавната седница за „Меѓународен сојуз“

Катерина Ѓуровски