Бојан Јовановски бара вонреден надзор од Судскиот совет и да се испита тортурата врз него

Од:

„По скандалот за фалсификуваното решение од Кривичниот суд по наредба од претседателот Иван Џолев со кое во предканцерогена состојба и видно влошена здравствена состојба која не може да се третира во затвор, го врати Бојан Јовановски познат како Боки 13 во „Идризово“, осудениот испрати барање за вонреден надзор и контрола од страна на Судскиот совет“, вели правниот тим на Бојан Јовановски во писменото соопштение.

„Јовановски извести дека бара и вонреден надзор на АКМИС-системот бидејќи АКМИС-от е злоупотребен. Бара ревизија и на сите судски решенија за прекин на казната.

Целата жалба е доставена до Судскиот совет.

Потсетуваме дека Јовановски веќе алармираше дека е мета на невидена и незапаметена тортура, која исто така, влијае на неговото здравје. Враќањето на Јовановски во пенални услови и во ваква здравствена состојба не претставува само грубо кршење на неговите права, туку и опасност за неговиот живот.

Јовановски очекува тортурата кон него да биде поинтензивна и поради сите јавни објави. Ја повикуваме јавноста будно да го следи процесот кој тој го иницираше“, се додава во соопштението на правниот тим на Јовановски.

Би можело да ве интересира

Боки 13 ги отфрла наводите за пријавата за загрозување на сигурноста, демнење и лажно пријавување

Катерина Ѓуровски

Апелација ја укина пресудата за „Меѓународен сојуз“, случајот се враќа на повторно судење

Одбраната на Боки 13 бара укинување на пресудата за „Меѓународен сојуз“

Бојан Јовановски: Со оваа здравствена состојба не можам да бидам во затвор

Боки-13: Прво селфи во слобода по четири години затвор

Горан Наумовски

Боки 13 пуштен на слобода: Затворската казна во прекин поради лошата здравствена состојба

Александар Тодески