Бојан и Миле Јовановски, Мандиќ, Ременски и асистенката наредната недела на распит кај Русковска

Од:

Осомничените лица за случајот поврзан со Меѓунардниот сојуз наредната недела ќе даваат исказ кај обвинителката Вилма Русковска, во Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Истрагата за овој случај не е завршена, а осомничените прават увид во доказите за да се подготват за давање исказ, велат во Обвинителството.

Покани за увид во докзите во Обвинителството добија сите, а се појавија асистентката на Бојан Јовановски, Кристина Блажевска, Јасна Мандиќ заменик-претседател во Меѓународен сојуз, пратеничката Фросина Ременски, која е почесен претседател во организацијата на Јовановски.

Увид не направија Бојан Јовановски и неговиот татко Миле Јовановски. Адвокатот Сашо Дуковски кој го застапува Бојан Јовановски вели дека увид во доказите извршил тој, но не кажа зошто кај Русковска не дошол неговиот клиент.

Би можело да ве интересира

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за Боки 13 во случајот „Рекет“

А1он