Богослужби и свечена академија во Охрид по повод 50-годишнината од автокефалноста на МПЦ

Од:

По повод празникот „Св.Маченички Вера, Надеж и Љубов“ утре изутрината во катедралниот храм „Света Софија“ во Охрид од девет часот ќе се служи света архиерејска литургија, како и вечерна богослужба од 17 часот во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник.

За вечерта од 18:30 часот е предвидена и Свечена академија по повод јубилејот 50 години автокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

За в недела од девет часот во „Света Софија“ по повод празникот „Собор на сите македонски светители“ на која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан во сослужение на останатите членови на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА. Дента богослужба ќе има само во „Света Софија“ (едноцрквие).

Одуката за прогласување автокефалност на МПЦ Светиот синод ја донесе на третиот црковно-народен собор и свечената седница одржана на 17 јули 1967 година во црквата „Св. Климент Охридски“ во Охрид. Чинот на прогласувањето на автокефалноста на МПЦ беше извршен со Светата архијерејска литургија одржана два дена подоцна во црквата „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид.

Би можело да ве интересира

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите