По повод празникот „Св.Маченички Вера, Надеж и Љубов“ утринава во катедралниот храм „Света Софија“ во Охрид ќе се служи света архиерејска литургија, како и вечерна богослужба од 17 часот во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник.
Попладнево од 18:30 часот е предвидена и Свечена академија по повод јубилејот 50 години автокефалност на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.
За утре од девет часот во „Света Софија“ по повод празникот „Собор на сите македонски светители“ ќе се одржи света божествена литургија со која ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г.Стефан во сослужение на останатите членови на Светиот Архиерејски Синод на МПЦ-ОА. Дента богослужба ќе има само во „Света Софија“ (едноцрквие).
Одуката за прогласување автокефалност на МПЦ Светиот синод ја донесе на третиот црковно-народен собор и свечената седница одржана на 17 јули 1967 година во црквата „Св. Климент Охридски“ во Охрид. Чинот на прогласувањето на автокефалноста на МПЦ беше извршен со Светата архијерејска литургија одржана два дена подоцна во црквата „Св. Богородица Перивлепта“ во Охрид.