Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Од:

Со благослов на Архиепископ Охридски и Македонски Стефан, свештеномонасите Агатон, Атанасиј и Иринеј од Скопската епархија, од 18 до 20 септември 2024 година престојуваа во светогорскиот манастир Хиландар, со цел да ја преземат Богородичната икона „Троеручица”, која треба да пристигне во Скопје.

Заедно со нив се и Драган Сарески-Андрески, Бобан Богдановски-Андрески и Милчо Велков од Скопје, соопштија од Скопската епархина на МПЦ-ОА.

Денеска претпладне, во придружба на хиландарскиот игумен, архимандрит Методиј, со дел од манастирското братството, спомнатите свештеномонаси и верници на Скопска епархија тргнаа со иконата од Света Гора кон Македонија. Свечениот пречек на иконата ќе биде во 17 часот пред храмот „Рождество на Пресвета Богородица” во Скопје.

Би можело да ве интересира

Доделено црковно признание во знак на благодарност на Протореј-Ставрофор Спасе Стефановски

Горан Наумовски

Митрололитот Георгиј устоличен на тронот на Дебарско-кичевската епархија

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Струмичка православна епархија: Измамничка шема на профилот на Библиска Македонија

Српскиот патријарх Порфириј: Одлуката за МПЦ беше најспасоносна и најдобра, и за нив, и за нас, за сите

Предраг Петровиќ