Богојески: ВМРО-ДПМНЕ во овој момент е целосно на погрешна страна од историјата

Од:

Реформаторот Петар Богојески потврди дека е разрешен од функцијата заменик-генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, од страна на Извршниот комитет.

„Ја поздравувам одлуката на ИК на ВМРО ДПМНЕ во врска со мојот активизам во раководните структури, но не и во Партијата. Искажувам благодарност што сум ослободен од одговорноста што ја носев на себе и ја пренесував врз другите луѓе во Иницијативата за реформи.

Едноставно непомирливи се нашите два концепти, едниот за демократизација, модернизација и европеизација, а другиот за клиентелизација, криминализација и авторитарен кариеризам во ВМРО ДПМНЕ.
Невозможно е двата да функционираат заедно, а при тоа да се унапреди работењето на Партијата на принципиелни основи.

ВМРО-ДПМНЕ во овој момент е целосно на погрешна страна од историјата, тргна во целосно погрешен правец и не е можно заедно на истиот воз во истиот правец. Се надевам за кратко ќе биде тоа констатирано и ќе биде земен друг тек.

Ќе повторам, го поразивме Груевски, но не и груевизмот во нас.

Се плашам дека тие политики одат во корист на плановите за поширока политичка и безбедносна дестабилизација на регионалната стабилност, што ќе резултира со загрозување на македонската државност, што за мене е без простор за било каков компромис.

Мојата максима беше и останува “Да изгубиме сите, а да добие Македонија!”
Република Македонија ќе биде членка на НАТО и ЕУ, со или без овие политички елити на македонската политичка сцена.

Јас сум подготвен на се, само Македонија да излезе од балканскиот кружен тек и да земе правец за Европа!

Мотивирани и сигурни во нашата вистина, продолжуваме понатаму со уште поцврсти и порешителни чекори за реформи и обнова на Партијата.

На сите со кои соработував во досегашниот период, искрено Ви благодарам!“, напиша реформаторот Петар Богојески на својот Фејсбук профил откако Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ доцна синоќа го разреши од функцијата заменик генерален секретар на партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Денешната седница беше перфиден театар на ДПМНЕ и ДУИ – не помина предлогот за фер конкуренција

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: СДС си го плаќал идеологот Фрчкоски со 200 илјади евра преку Еразмус +

Катерина Ѓуровски

Лефков: Дали јахтата на која плови Филипче е на Заев и чини 850 илјади евра?

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повикува обвинителот Коцевски да се поднесе оставка

Катерина Ѓуровски

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски