Богојески: Македонски концепт е единствена и уникатна понуда која гарантира промена на власта

Од:

Платформата е прва уникатна понуда, која се разликува од сите останати понуди кои се присутни на политичката сцена, преку која го изразуваме единствено и исклучиво гласот на граѓаните и преку конкретни проекти идеи и решенија на професионалците кои се дел од граѓанските листи на Македонски концепт сакаме да влијаеме врз целокупниот општествен систем во државава, порача вечерва од Градскиот Парк кај школка претседателот на Македонски Концепт, Петар Богојески.

-Во изборната кампања се видоа сите дефекти на изборниот модел и зависноста на медиумите од партиите, лажни политички ветувања. Гласајте за 10 за слободни медиуми, за кривично дело лажно политичко ветување. Ова не е борба помеѓу десното и левото туку помеѓу нормалното и ненормалното. Изберете 10 за нормалност, истакна Богојевски.

Богојески додаде дека Македонски концепт е единствена и уникатна понуда која гарантира промена на власта, но во исто време и неможност за обнова на бандитизмот од минатото.

Би можело да ве интересира

Богојески: Се создава атмосфера на линч кон мене и моето семејство

А1он

Јаневска за назначувањето на Богојевски: Поставените директори треба да бидат натпартиски

Алијанса за Албанците: Европските образовни програми Еразмус+ во рацете на антиалбанец и антиевропеец

Влен: Петар Богојевски лавира во ставовите во зависност од личните очекувања, од реформатор на ВМРО-ДПМНЕ до македонски националист

ДУИ: Богојевски ги навредува Албанците и вредностите на ЕУ, да се повлече одлуката

Петар Богојески поднесе кривична пријава за повеќе дела против политичари Албанци