А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Јаневска за назначувањето на Богојевски: Поставените директори треба да бидат натпартиски

by А1он11/04/2025 - 12:53686
Share0

Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека не може да коментира работа на директор кој е на функција два дена, одговарајќи на новинарско прашање за назначувањето на Петар Богојевски за раководител на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Следете a1on на Instagram Instagram

По реакциите дека Богојевски во јавноста често изнесувал антиалбански ставови, поради што вчера одлуката на Владата за негово назначување ја осуди Демократската унија за интеграција, Јаневска денеска рече ги слушнала реакциите и дека ако се појават проблеми ќе бидат преземени мерки.

– Не би можела да ја коментирам работата на директор кој е поставен пред еден или два дена. Ја слушам реакцијата и, оттука, како и сите други, ќе се следи работата на директорот. Доколку е се во ред и тој е деполитизиран, ќе немаме проблем. Ако има некакви други проблеми, ќе се преземат мерки. Политичките партии имаат удел во функционирањето на Владата, но кога поставуваме функционери ги поставуваме да бидат непартиски и да си ја вршат работата за којашто се поставени и таму да организираат и да спроведуваат закони и да работат најдобро што можат, изјави Јаневска одговарајќи на новинарски прашања пред почетокот на Економски форум организиран од „Фајнанс тинк“.

ДУИ вчера соопшти дека „најостро ја осудува одлуката на Владата за именување на Петар Богојевски за раководител на Агенцијата“ и дека „именувањето на човек кој целата своја јавна и политичка кариера ја изгради со навреди и омаловажување кон Албанците, претставува директна провокација не само за Албанците во Северна Македонија, туку и за самата европска идеја во земјава“.

Следете a1on на Youtube YouTube

ДУИ во реакцијата ја прозва и коалицијата Вреди (Влен), партнер во Владата, дека Богојевски „со нивна поддршка е награден со водечка функција“.

Коалицијата Вреди, пак, вчера возврати дека „има изграден став за провокациите на лицето Петар Богојевски“ за кого посочи дека „неретко лавира во ставовите во зависност од личните очекувања“.

-Прашањето е зошто ДУИ не го прашала Талат Џафери – како Богојевски бил државен советник во Министерството за одбрана? Зошто на ДУИ не му пречеа неговите антиалбански ставови кога беа во официјална коалиција со Груевски и Мијалков?, наведе, меѓу другото, Вреди во нивната реакција.

На осудата на ДУИ вчера реагираше партијата на Богојевски – Македонски концепт, според која „ДУИ напаѓа затоа што не сака политичари кои се борат за македонските интереси“.

-Последниот напад врз д-р Петар Богојески е директен доказ дека ДУИ не сака и не прифаќа политичари кои отворено, чесно и бескомпромисно се борат за македонските национални интереси. Наместо да се соочат со сопствениот придонес кон корупцијата, партизацијата и злоупотребата на европските фондови, тие избраа да напаѓаат човек чија мисија е токму да стави крај на тие злоупотреби, реагираше партијата на Богојевски.

petar bogojeskivesna janevska

Би можело да ве интересира

Јаневска тврди дека нема намалување на стипендиите за студентите, вели опозицијата шири паника

Катерина Ѓуровски20/05/2026 - 11:49

Јаневска: Со законските измени ќе се санкционираат родителите чии деца се насилни

Горан Наумовски15/05/2026 - 13:17

(ВИДЕО) Манасков: Булинг, ножеви и тепачки во училиштата, СДСМ бара одговорност од Јаневска и директорите

Горан Наумовски15/05/2026 - 12:38

Јаневска: По случајот со повредениот ученик ќе следат законски измени

Горан Наумовски13/05/2026 - 12:57

Јаневска: Можно е воведување забрана за телефони на настава и во средните училишта

Горан Наумовски11/05/2026 - 14:29

Јаневска: Доколку се докаже фалсификатот, Славјанскиот универзитет ќе има сериозни последици

Катерина Ѓуровски06/05/2026 - 14:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто